Бејби, надвор е смрзнувачка

Кога зимата ни е на прагот, секогаш си го поставуваме истото прашање “дали морам да излезам надвор или не?”. Ве прашавме Вас, Pufies мамички, за да видиме кој ќе биде најчестиот одговор. Некои од одговорите беа позитивни “Свежиот воздух, иако ладен, е здрав во одреден количини”. Тоа би можело да биде “Сосема на кратко,

но треба да се зајакне имунитетот…”, облечени како Ескими со “…плетени кондурчиња, капче, ракавички и комбилизони…“ се само некои од работите кои ги споменавте како најпотребни за пријатна зимска прошетка.
Останатите повеќе го сакаат топлиот комфорт во нивниот дом, наместо да ризикуваат на ладното време поради “…екстремно ниските температури и многуте вируси…”.

Дали зимата е опасна за Вашите малечки?

Еве неколку совети за зимските прошетки

Прошетките во секоја од четирите сезони се важни за бебето да изгради толеранција и силен имунолошки систем. Седењето дома на подолг рок исто така може да го загрози бебешкото здравје – воздухот дома е често непроветрен и полн со прашина од мебелот, која може да предизвика алергии.

Веднаш по вториот месец можете да уживате во прошетките на воздух, дури и во зима, се додека температурите не се под -5 степени и доколку не е многу ветровито. Снегот најчесто го комплетира зимското искуство, се додека не ги прави патеките невозможни за движење на малечките и нивните колички. Најдоброто време за зимска авантура е помеѓу 12 и 16 часот, кога надвор е најтопло. Доволни се дури и 20 минути. Пред секоја зимска прошетка најважно е да се употребува бебешка крема за хидрирање на кожата за да се заштити бебето од сувиот ветер.

note1

Облеката е важен елемент при зимските авантури. Убаво би било да го облечете малечкото “во слоеви” комбинирајќи памучна долна облека и волна. Памукот е најпогоден за бебето бидејќи е мек  и не предизвикува иритација на кожата, а волната ја обезбедува потребната топлина и ја апсорбира влагата. Кога бебето е облечено во слоеви секогаш ја имате опцијата да соблечете некој дел од облеката кога ќе се затопли или во затворена просторија. Вие, мајките, исто така споделивте дека е доволно да се облече детето со 2 пара чорапчиња, хеланки, панталони, елече, блуза, дебел џемпер, јакничка и непропустливи панталони. Само тоа 🙂 Горе споменатото комбинирано со шал, ракавички и чизми. и тоа ќе го заштити од студот. Но сепак, бидете внимателни да не го облечете премногу бидејќи децата подобро ги поднесуваат ниските температури, отколку високите.

note2

Освен облеката, постојат и други важни додатоци кои треба да се земат предвид, при прошетка надвор, особено кога бебето е сеуште многу малечко. Во бебешката торба, заедно со цуцлата, можете да спакувате и: влажни марамчиња за бебеиња, Pufies пелени, бебешка крема за чувствителна кожа, резервна облека за секој случај. Доколку бебето го има надраснато периодот на доење, можете да понесете и ужинка, вода и неколку марамчиња кои секогаш ќе Ви бидат при рака.

Неколку совети за новороденчињата:

Совет 1: Доколку се подготвувате за првата прошетка со Вашето бебенце, добро е да однапред да направите еден “тренинг”. На пример, можете да поседите на терасата најмалце 5-10 минути.

Совет 2: Дури и ако бебето спие, можете да одите на прошетка. Секогаш е убаво за бебето да вдише малку свеж воздух.

Совет 3: Би требало да се обидете да ја движите количката наоколу поголем дел од времето бидејќи ако останете на едно место подолг период, на бебето може набрзо да му стане ладно.

Совет 4: Најлесен начин да проверите дали на бебето му е ладно или топло, е да го проверите чекото и обравчињата.

Совет 5: Доколку е многу ладно за прошетка надвор, обидете се да внесете што е можно повеќе свеж воздух во сите простории. Доколку имате тераса, се додека не се наоѓа на прометна улица, можете да ја користите за да излезете со бебето на неколку минути.

Неколку совети за малечките кои можат да се движат сами:

Покажете им ја забавната страна на зимата и снегот на малечките за да можат да видат колку интересни можат да бидат сите активности – санкање, правење снешко, мавање со снежни топчиња, или дури може да го вклучите да помогне во чистењето на снегот пред Вашиот дом.

note3

Примивме многу фотографии и видеа од Вас, Pufies родители, како се забавувате со Вашите дечиња во зима. Ви благодариме што ги споделивте сите тие убави моменти кои ги згреаа овие ладни февруарски денови.