Забавувај се како бебе

Дружење уште од првите денови

Повеќето од вас, Pufies мајки, споделивте со нас дека е добро за бебето да слуша музика. Некои од вас дури го оценија слушањето музика како одличен метод за градење на силна психа. Ќе посветиме уште една статија на оваа тематика, но овој пат ќе ви покажеме како

музиката може да помогне да го научите вашето малечко на комуникациски вештини. Да, зборуваме за забава!
Бебињата можеби ни изгледаат како да не разбираат многу нешта, но не смееме да ги потцениме. Секоја интеракција која бебето ја има со уметноста како музика, цртање или танцување го учи многу за животот!
Не постои сомневање дека вештините за уживање во животот, начинот на кој се забавуваш и стекнуваш пријатели е многу важен во животот. Најдобар начин да се научи тоа е доколку започнеш уште во првиот момент – додека си сеуште бебе.
Затоа, поканете на дружење едно купче бебиња со нивните родители, креирајте реклаксирана плејлиста, овозможете колоритна атмосфера и имајте ги предвид следните нешта:

note_5 1. Внимавајте на возрасниот јаз

Во текот на најраните години, мала разлика во годините може да претставува голем проблем. Помалите деца можат да научат многу од постарите, но исто така може да бидат изолирани во играта. Треба да се осигурате дека има најмалце неколку дечиња во истата фаза на развој, за да можат да истражуваат заедно.

 

 

 

 

note_1 2. Бидете сигурни дека играта тече според планот

Малите деца можат да бидат анимирани со многу мал вложен напор. Нив секоја новост им изгледа фасцинантна и тоа е причина што сакаат често да се имитираат едни со други. Бидете сигурни дека сте обезбедиле најмалце еден пар од секоја играчка. Добра идеја е да ја тргнете на страна омилената играчка на вашето дете, со цен да избегнете конфликт. Колку повеќе предмети имате, кои можат да ги анимираат децата, толку подобро.

 

 

 

note_3_no_frame 3. Направете да удобна атмосфера

Ова е клучот за добро расположение и добра комуникација. Затоа погрижете се вашите малечки да се комфорно облечени и најважно, суви. Исто така, додадете боја и визуелна стимулација во околината која што ќе ги опкружува. Играчките не се единствениот начин да се предизвика интеракција, илустрациите се исто така добар метод. Овде може од од голема корист да бидат Pufies пелените кои ќе ги чуваат бебињата суви и ќе им го обезбедат потребниот комфор, за да можат непрекинато да другаруваат со нивните пријателчиња. Слатките илустрации на секој дизајн на пелени, од друга страна, може да бидат предмет за играње кој ќе ја разбуди нивната имагинација.

 

note_2 4. Не им пречете во играта, но бидете спремни за брз скок назад

Децата треба да го имаат потребниот простор за да комуницираат сами. Затоа треба да смислите интеракција за родителите да можат да бидат одделени од играта. Секако, погрижете се да има надзор и бидете секогаш спремни да превземете контрола доколку дојде до некаков конфликт. Најдобар начин да се справите е да го пренасочите вниманието на детето кон друг субјект – како цртаниот филм кој оди на телевизорот или пак пелените.

 

 

 

note_4 5. Покажете им како

Бидете добар пример. Комуницирајте со родителите и децата. Покажете им на вашите малечки дека сте заинтересирани со она што се случува и дека тоа е важен процес и за вас. Со други зборови: забавувајте се!

 

 

 

 

Кога еднаш ќе го сфатат концептот, ќе се почуствуваат релаксирано и многу брзо тие ќе ве учат вас како да се забавувате и да уживате во животот. Затоа, ве советуваме да не чекате – започнете ја забавата што е можно побрзо!

 
Ви посакуваме убаво поминато време и доколку наидете на некој кој што ќе одбие да дојде на вашата забава, искористете ја оваа статија за да го мотивирате 😉