Игри во природа за мајка и бебе*

Септември се наближува, а времето надвор ќе станува се поладно и попријатно. Искористете ги предностите на ова прекрасно време и поминете што повеќе време надвор заедно со вашето малечко!

Децата сакаат да истражуваат и можат да поминат часови играјќи си со тревата, ливчиња или камчиња. Доколку тоа не му е забавно на вашето дете, секогаш можете да ги посетите детските игралишта и да се забавувате таму. Одличен начин да запознае други дечиња и да се вклучи во најразлични активности – како лулање или лизгање.

Следете го меурчето!

Ова е супер лесен, забавен и евтин начин да поминете попладне исполнето со забава! И кој не сака меурчиња? Ние знаеме дека ги сакаме! Дувнете ги меурчињата во правец кон вашето дете за да може да ги пукне. Обидете се поспоро на почетокот, доколку сметате дека на вашето дете му треба повеќе време или пак ако сеуште учи да оди. Најубавиот дел од оваа игра е тоа што доколку немате шишенце со меурчиња, можете истото да го направите дома! Сигурно сте го практикувале ова во вашето детство, но во случај да не сте го правеле тоа – измешајте сапун и вода и дувнете низ цевка. Воила – безброј часови забава за вас и вашето бебенце!

Игра со пречки за бебе звучи одлично!

Како што ни кажува самото име, оваа игра бара вашето дете да оди и лази. Освен тоа, останатот е лесно! Наместете предмети со кои што може да си игра – кутии, топки, кругчиња, тунели и неговите омилени играчки. Предизвикајте го да ги следи вашите насоки – на пример, “донеси ми го мечето и помини низ тунелот”. Гледајте да биде што е можно поедноставно, но останете креативни – можностите се безбројни!

Заедничка прошетка!

Иако ова само по себе не е игра, сепак е прекрасен и забавен начин да се поврзете со вашето дете. Утрата поминати со вашето најсакано е прекрасен начин да се чувствувате одлично. Доколку сте почетници во трчањето, можете да го замените со обични прошетки. Или едноставно да се шетате – се додека се чувствувате убаво во активноста што ја правите. Најубавиот дел е што можете да викнете и други мајки да ви се придружат – всушност постојат многу групи на Facebook и други форуми на кои има организирани дружења од тој карактер.

Ајде да си играме со сенките!

Кога вашето дете ќе се почувствува сигурно во трчањето, ќе ја обожава оваа игра! Финтата е во тоа што не треба да се бркате еден со друг, туку да ги бркате сопствените сенки. Како? Треба да згазнете директно на нив. Но најпрво, најдобро е да им покажете каде се наоѓа нивната сенка и како се движи додека се движат и они. Доколку го знаат ова, можете веднаш да започнете со игра!

Бркање на животни

Децата сакаат брканици! Особено кога тие завршуваат со прегратка или скокоткање 🙂 Вие одлучете кое животно ќе бидете – можеби мече или лав. Или можеби зајак или пак октопод. Можностите се безбројни 🙂 Кога ќе го фатите вашето дете, бидете сигурни дека се чувствуваат добро и искажете ја вашата љубов на начин на кој што сакаат, на пример гушкање. Потоа сменете си ги улогите!

Дали имате омилена активност која ја практикувате со вашето дете додека сте надвор? Раскажете ни подетално за неа во Facebook коментарите!

*Се надеваме дека се забавувавте со нашите идеи, но внимавајте на возраста на вашето дете, здравјето и безбедноста кога ќе ја одберете некоја од наведените активности.