ИЗНЕНАДУВАЧКИ ФАКТИ ЗА БЛИЗНАЦИТЕ

Дали близнаци значат двојна неволја? Можеби, но поврзаноста која ја остваруваат еден со друг е неверојатна. Колку мислите дека знаете за близнаците? Продолжете да читате за да дознаете.

Како можете да препознаете идентични близнаци?

Како што веќе знаете, постојат два вида на близнаци – слични и идентични – и можно е да имате потешкотии да ги разликувате. Како да го препознаете тоа? Претпоставуваме дека не можете да им земете отпечатоци, другиот начин е да ги ѕирнете нивните стомачни копчиња. Бидејќи папокот е лузна од одвојувањето од папочната врвка, тоа не е никако поврзано со генетиката – и затоа се разликува!

Дали близнаците комуницираат на различен начин?

Најверојатно. Можеби ви звучи како бебешко гугање, но е нешто наречено криптофазија – јазик развиен помеѓу близнаците. Бидејќи тие често користат идентичен речник, истражувањето естимира дека дури 40 проценти од близнаците развиваат свој сопствен јазик!

Кога за прв пат воспоставуваат конекција?

Ниту една мајка на близнаци нема да биде изненадена доколку кажеме дека близначињата започнуваат да комуницираат уште додека се во мајчината матка. Најчесто нивната поврзаност е воспоставена од 14-тата недела на бременост, па затоа не е изненадувачки фактот што тие се нераздвојни многу подоцна во животот. Слатко, нели?

Кој има повеќе шанси за близнаци?

Генерално, шансите се поголеми доколку претходно имало близнаци во семејството. Но има повеќе! Повозрасните мајки имаат поголема веројатност да носат близнаци. Истражување направено во 2006 година откри дека повисоките жени е поверојатно да бидат мајки на близнаци. Авторите откриле дека мајките на повеќе деца имале тенденција да бидат три сентиметри повисоки од мајките на едно дете (LIJ Health System, 2006). Кој би помислил?

Би сакале да знаеме што најмногу ве фасцинираше! Дали можете да не изненадите со уште некои факти за близнаци? Пишете ни во Facebook коментарите.