КАКО ДА ГО ОБЛЕЧЕТЕ ВАШЕТО БЕБЕ ЗА СИТЕ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ

Купувањето облека за бебиња претставува едно од најголемите задоволства за мајките. Тие се толку слатки! Секако, тоа не е единствената причина за да се купи кошулче или панталончиња, мора да бидат изработени од квалитетни материјали за да го стоплат бебето или пак да не го потат, во зависност од сезоната. Откривме дека есента (и пролетта) се најтешки, дури и за возрасните! Излегуваш на прошетка, сончево е – и веќе во следниот момент, се смрзнуваш. Како да знаете дали вашето бебе се чувствува убаво и топло?

Познавањето на вашето бебе е најмоќното оружје:

Постојат многу совети онлајн за тоа како да го облечете вашето дете, но најважната работа која што треба да ја знаете е да го познавате вашето дете, тоа е најсигурниот облог. Пронајдете знаци кога се чувствуваат неудобно. Ќе научите како да препознаете кога вашето дете нема да се чувствува добро уште од најраниот период. Понатаму ќе биде полесно да се препознае дали им е претопло или преладно. Верувајте и на сопствената интуиција! Генерално, доколку вашето дете е смирено и среќно, тогаш најверојатно е и добро облечено.

Како да ги облечете:

Започнете со облекување на вашето бебе со истиот број на слоеви кој што вие го носите. Секако, понесете си прекривка или резервно блузонче во случај да биде поладно. Обидете се да не претерувате во слоевите: вашето дете не треба да се чувствува неудобно, а најчесто претеруваме во облекувањето во слоеви затоа што не сакаме во никој случај да им биде ладно. Кога времето е многу ладно, сепак е најдобро детето да биде облечено во слоево отколку да има на себе едно предебело парче облека. На тој начин ќе имате можност да ги отстранувате во моментот кога ќе има потреба за тоа. Истото важи и за топло и за ладно време.

Неколку други совети:

Капчињата и ракавичките се вашите најдобри другари! Лесни се за отстранување, но истовремено држат топло Секое дете треба да има еден пар чизмички, бидејќи ноџињата (и рачињата) се почувствителни на ладно отколку другите делови од телото. Доколку сте премногу загрижени дали му е ладно на вашето дете, постојат знаци кои можете да ги забележите: плачат или се жалат на нешто и нивните уши, прстиња и ноџиња се ладни.

 

Pufies мамички, кои се вашите есенски практики? Би сакале да слушнеме од вас како го подготвувате вашето дете за ова ладно време – ве молиме споделете ги вашите мислења на нашата Facebook страна.