Како да се подготвите за првиот ден во градинка

 

Дојде и тоа време? Знаеме колку е важен овој момент за вас – вашето дете тргнува во градинка! Исто така знаеме дека никогаш нема да бидете сосема подготвени да го напуштат “домашното гнездо”. Понекогаш е тешко да се прилагодиме на почетоците. Затоа составивме неколку идеи кои можеби ќе ви го олеснат процесот на вас и вашето малечко. Проверете ги!

1. Менаџирањето на времето е клучот

До сега сигурно имате развиено утринска рутина со вашето дете. Но изгледа ќе мора да ја протресете. А под тоа мислиме да бидете подготвени на се!

Додадете дополнителни 30 минути на времето кое што вообичаено ви е потребно да се спремите. 

На овој начин, доколку се случи нешто, ќе имате време да реагирате и нема да задоцните. Дури и доколку ви остане време на крајот, можете да се заиграте со вашето дете и ќе помине за секунда!

 

2. Подгответе се што е можно ноќта претходно

Обидете се да го подготвите ранчето за во градинка, пелените, резервна облека итн., ноќта претходно.

Ќе заштедите 15 минути спиење следниот ден. И запомнете, колку и да се трудите да ги планирате работите однапред, понекогаш не оди се по планот. И тоа е во ред!

 

3. Запознајте ги негувателките на вашето дете

Ќе бидете порелаксирани доколку знаете дека можете да им верувате. Најдобриот дел е, доколку можете да сметате на нив, можете да ги прашате за совет и доколку имате, да споделите некои посебни инструкции за грижа на вашето дете.

Можете да ги прашате се што ви е нејасно и да ја споделите вашата претерана грижа

тие се обучени да ви помогнат и да ги олеснат промените со кои вашето дете ќе се соочи во нова средина.

 

4. Донесете го вашето дете во градинка неколку пати пред официјалниот почеток

Не останувајте предолго, но осигурајте се дека се имаат навикнато на средината за да не им изгледа комплетно нова.

Оставете го детето само да ја истражува средината и работите кои ја опкружуваат.

Ова е голема транзиција и за вас и за вашето дете. Потсетувајте ги дека наскоро ќе започнат во градинка и раскажувајте им како ќе изгледа тоа. Покажете им дека сте среќни што ќе тргнат во градинка. Доколку имаат постаро братче или сестриче, раскажете им што прават во градинка во текот на денот. Ќе им помогне да разберат дека е сосема нормално – сите прават нешто во текот на денот 🙂

 

5. Инволвирајте го детето во подготовките за градинка

Дозволете им сами да ја одберат облеката и играчките што ќе си ги носат. Ова не е време за големи промени во нивната рутина. Погрижете се нивното време поминато дома да биде конзистентно како што си било до сега. Постои можност вашето дете да е вознемирено кога ќе го оставите во градинка – доколку пристигнете 15 минути порано ќе имате време да го разведрите и да го вклучите во некоја активност.

Најверојатно нема да протестираат толку многу во моментот кога ќе си заминете доколку се забавуваат.

Ако сепак вашето дете го доживува вашето заминување тешко можете да се обидете другиот родител или роднина/пријател кој што детето добро го знае да го остави во градинка.

 

Што мислите вие, Pufies мамички? Би сакале да слушнеме што имате да додадете, посебно мајките кои веќе го имаат поминато целиот овој процес. И запомнете, во градинка ќе биде забавно 🙂