Како да се припремите за патување со бебе

Можеби ќе бидете изненадени, но патувањето со бебе може да биде прилично релаксирачко. Доенчињата не се до таа мера фрагилни како што родителите замислуваат дека се. Секако, важно е да проверите дали и колку се baby-friendly дестинацијата и сместувањето кое сте го одбрале. Имајте во предвид дека патувањето е сосема нов свет за вашето бебе и дека неговите реакции можеби нема да бидат какви што вие очекувате. Верувајте во себе, останете смирени и позитивни и вие и вашето бебе ќе бидете одлично! Па ако сте подготвени за вашето прво заедничко патување – ајде да почнеме со пакување!

Храната и удобноста се многу важни при патувањето – особено ако е во прашање долг пат!

  • Имајте спакувано едно шише вода повеќе од планираното, во случај предвидените количини да ви траат пократко. Доколку не го доите бебето, можете да спакувате формула или цврста храна (зависно од исхраната на бебето) колку што мислите дека ќе биде доволно во текот на патувањето. Доколку не сте сигурни дали формула е дозволена во одредени авио компании, добро би било прво да ја прочитата политиката на авио компанијата која сте ја одбрале
  • Спакувајте доволно пелени за целиот пат, или онолку колку што би ви биле потребни додека стигнете до крајната дестинација – одберете ја опцијата која е најпогодна за вас. За среќа, денес можете да изберете помеѓу различни формати на пакувања, зависно од тоа што би било најпогодно за времетраењето на вашето патување.
  • Доколку се појави потреба, бидете спремни со резерви на облека за пресоблекување. Можете да понесете ќебенце со вас, така што бебето би имало удобно место за одмор. Можеби е добра идеа да понесете и влажни марамчиња и подлога за пресоблекување.

Кога станува збор за здравјето и безбедноста, работите се сосема јасни:

  • Понесете минерални лосиони со заштитен фактор за сончање и капа – сонцето е штетно за кожата на вашето бебе. Заштитете ги од сонцето и во автомобилот – можете да одберете заштита на стаклата од UV зраци или мачкајте го бебето со заштитен фактор. Или едноставно одберете ги и двете опции!
  • Ако патувате со автомобил, осигурајте се дека седиштето на бебето е безбедно и сигурно. Дали вашата “Baby on board” налепница е подготвена? Доколку патувате со авион, можете да го понесете со вас бебешкото седиште за во автомобил, но секако прво проверете ја политиката на авио компанијата 😊.
  • Понесете си сет за прва помошземете се што сметате дека би ви било потребно при патувањето. Доколку вашето бебе користи лекови на рецепт, осигурајте се дека ги имате понесено во предвидената потребна доза. Понесете лист со информации за здравствената состојба на бебето – алергии или други здравствени состојби што би можеле да се појават, и секако вашите контакти нека бидат содржани.

Сега откако ги потврдивме основите на подготовките за патување, дали остана уште нешто?

  • Можете да ги понесете омилените играчки на вашето бебе, така што ќе остане анимирано при патувањето со автомобил.
  • Понесете количка или кенгур – тоа што на вас ви одговара повеќе.
  • Понесете неколку ќеси за отпад – можете да ги користите за валканите пелени.
  • Доколку патувате со автомобил, а вашето дете е веќе во фаза на проодување, можеби ќе треба да правите почести паузи од возењето, во случај детето да станува немирно. И вие сами знаете дека повременото размрдување е за доброто на детето!

Има ли нешто друго што треба да го имате на ум при пакувањето? Раскажете ни во коментарите како вие се припремате!