Како да се справите со топлината

Летото ни пристигна – деновите се подолги, а температурите стануваат се повисоки. Тоа значи дека на располагање имаме еден куп ативности на отворено кои можеме да ги практикуваме со нашето малечко! Но внимавајте на временските услови и секогаш бидете во близина на ладовина. Во прилог се неколку корисни идеи за тоа како да го заштитите вашето бебе од високите температури.

Внимавајте кога излегувате надвор:

Вашата интуиција сигурно ви го кажува истото, но добро е да се слушне уште еднаш да избегнувате излегување надвор во периодот од 10 часот наутро до 3 часот после пладне – тогаш сонцето е најопасно. Доколку морате да излезете надвор, движете се под сенка или користете некое превозно средство. Утрото можете да го искористите и за пливање, но внимавајте да нанесете производи кои ќе ве заштитат од сонцето и повлечете се од сонцето пред 10 часот наутро.

Начин на облекување при високи температури:

  • Изборот на вистинската облека е многу важен – и најчесто е интуитивен. Корисно правило кое може да се искористи е да го облечете детето на ист начин на кој што ќе се облечете и вие – како се чувствувате во вашата облека?
  • Некои родители сметаат дека за престојот надвор е подобро да го облечат нивното дете во долги панталончиња и кошули затоа што летното сонце е штетно по здравјето. Добра идеја е да додадете и шеширче.
  • Бидејќи бебињата не се потат ефективно како возрасните, добрата вентилација е клучот. Затоа соодветната облека и природните материјали како памук и лен се најпогодни во овој период.

Лосионот за сончање е кралот!

  • Постојат производи специјално наменети за новороденчиња и бебиња. Можеби веќе сте испробале различни брендови и сте го нашле оној кој што најмногу им одговара на вашите потреби?
  • Без разлика на тоа кој бренд или производ ќе го одберете, внимавајте на количината на лосионот за сончање која што ќе ја аплицирате – секоја кожа има различни потреби.
  • Нанесете лосион за сончање и под облеката – ја штити кожата на бебето на начин на кој што облеката не би можела.

Совети за хидратација:

Грижата за навремена хидратација помага најмногу кога се справувате со топлото време.

  • Верувајте им на своите инстинкти кога ќе треба да разберете кои се потребите на вашето малечко. Тие се одличен начин преку кој што можете да добиете сигнал дали се чувствуваат добро и комфорно и дали им е потребна поголема хидратација.  
  • Можете да им обезбедите помала или поголема количина на вода или друга течност, која што сметате дека е соодветна. Внимавајте на тоа која е нивната моментална возраст.

Дали сте подготвени за летните авантури? Споделете со нас, подоле во Facebook коментарите, кои мерки на претпазливост ги превземата во најтоплите месеци од годината.