Првите запчиња на вашето бебе

Чувството е како вашето бебе да беше родено минатата недела… но самошто откривте дека веќе му растат запчиња! Ова е возбудлив, но истовремено и тежок период за секоја мајка.

Како и секоја мајка, сигурно се двоумите која постапка е правилна, но дозволете вашата интуиција да ве води. Ви го презентираме нашето видување на процесот на растење на првите запчиња со цел да ве воведеме во тој свет.

Кај повеќето бебиња запчињата почнуваат да растат на возраст помеѓу четири и седум месеци, но истото може да се случи и многу порано или подоцна од овој период, сепак секое дете е различно. Иако е ова голема реткост, некои бебиња дури се раѓаат со заби! Забите почнуваат да се формираат додека бебето е сеуште во утробата на мајката. Во некои случаи запчињата се појавуваат едно по едно, но во други случаи може да се појават неколку запчиња одеднаш – тоа не е невообичаено или пак лошо. Двете предни запчиња на долната вилица се најчесто тие кои први растат, проследени со предните две на горната вилица, а по нив следуваат и страничните. На три годишна возраст, вашето бебе веќе би требало да го има целиот сет од 20 бебешки запчиња. Јеј!

Иако некои родители не забележуваат промена во расположението кај нивните деца, повеќето бебиња не се чувствуваат пријатно во текот на тој процес и не се плашат да го покажат тоа 🙂 Некои од знаците кои укажуваат дека процесот на растење на првите запчиња е започнат се раздразливост, деликатност, лигавење (кое некогаш предизвикува осипи на лицето), отечени, сензитивни непца, глодање и џвакање, губење на апетит и појава на несоница. Искуството на некои родители е дека нивните бебиња во овој процес се соочиле и со дијареа, треска и растечен нос, но нема научни докази дека точно процесот на растење на заби ги предизвикува овие состојби. Иако телесната температура на вашето бебе при процесот на растење на запчињата може да варира, сепак висината на истата не е ни приближно висока како онаа која се манифестира при треска. Доколку вашето бебе има дијареа или треска, најдобро е да се посоветувате со доктор.

Има неколку начини на кои можете да му помогнете на вашето бебе да се чувствува попријатно во текот на овој процес. Можете да им дадете нешто погодно за џвакање – гумени прстени претходно оладени во фрижидер – или нежна масажа на нивните непца која ќе им помогне при намалување на болката. Ладно лажиче исто така е опција – само внимавајте да не притискате пресилно. Ако вашето бебе е доволно возрасно за конзумација на цврсти материи, ладна храна како јогурт ќе им придонесе да се чувствуваат подобро. Доколку овие начини не му помагаат на вашето бебе да ја намали болката, препорачуваме да се посоветувате со вашиот доктор за користење на лекови за намалување на болка погодни за бебиња постари од 6 месеци. Дали вие имате некои начини за справување во овој период на трансформација? Би сакале да слушнеме како се справувате со бебето на кое му растат првите запчиња 🙂 Раскажете ни ги вашите трикови во Facebook коментарите.