Првите месеци на бебето: Водич за нови мајки

Вашето малечко човече конечно пристигна! Додека го држите во прегратка сигурно си замислувате колку е неверојатно дека е толку минијатурно, а толку многу ви значи…. Да се биде мајка за прв пат е голем предизвик на почетокот, но нема сомневања – вашето малечко топче среќа е највредното нешто. Еве што може да очекувате во првите месеци.

Првиот месец – среќни времиња!

Најпрво ќе започнат со гугање, кога ќе дојде времето за тоа. Запомнете дека секое детенце е многу различно и можно е да одберат да ве изненадат со одредени звуци, па дури и зборчиња тогаш кога најмалку ќе очекувате! Слухот на вашето малечко е многу сензитивен. Доколку ги држите блиску и разговарате со нив, тие можат да го слушнат вашиот глас и да ја видат вашата експресија. Секој момент со вашето мало богатство е толку специјален бидејќи креирате непроценлива емоционална врска за цел живот.

 

Понекогаш може да се почувствувате несигурни за изборите кои ќе ги направите – опуштете се и длабоко земете воздух! Вие и само вие знаете што е најдобро за вашето бебенце бидејќи го познавате и разбирате подобро од било кој друг. Првите месеци се голем предизвик за вас и вашиот партнер и би било корисно да комуницирате за тоа.

 

Вториот месец пристигна – а со него и насмевките!

Така е! Вашето бебе може да ве прегрне со насмевка во вториот месец! Точно кога ви е потребно нешто за да се почувствувате подобро после цел месец на непроспиени ноќи 🙂 Ќе откриете дека нивните први нешта – насмевка, зборче, чекор – се најголемата радост за еден родител. Всушност можете да се затекнете како и вие се насмевнувате само кога ќе помислите на сите први нешта кои ги направило, подоцна во текот на растењето.

 

Слухот на бебето веќе се развива се повеќе и тие веќе може да разликуваат различни гласови и да ги препознаат истите – тоа ќе биде многу корисно кога ќе треба да ги смирувате, но исто така значи и дека развиле специјална врска со вас која ќе остане нераскинлива. Некои мајки разговараат и им пеат на нивните бебиња. Дали сте се обиделе и вие? Можно е да делува терапевтски и на вас.

 

Здраво месец број три!

Приближно на оваа возраст, бебето ќе открие дека на рачињата нивното чувство за допир е многу поразвиено. Ќе бидете изненадени од нивната љубопитност за различни материјали. Слободно давајте им различни видови на облека или обидете се со некои од книгите со текстура дизајнирани специјално за оваа возраст. Бидете самоуверени во експериментирањето со различни материјали и предмети – видете што ќе делува најмногу за вас и вашето бебенце. Или веќе откривте што најмногу сакаат?

 

Нивните моторички функции се развиваат и понатаму! Во овој период ќе започнат да се превртуваат на нивните стомачиња. Можете да започнете да им читате или да воспоставите рутина на читање приказна пред спиење? Ќе ви помогне во процесот на заспивање и секако ќе бидат среќни кога ќе го слушаат вашиот глас.  Тие тивки, мирни моменти кога вашето бебенце спие се најубавите – нема ништо поубаво од заспано бебе.

 

Што мислите вие Pufies мамички? Како ги поминувате првите месеци со бебето? Кој е вашиот најемоционален момент заедно? Споделете со нас на Facebook во коментарите.