СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ПРВО ЛЕТУВАЊЕ НА ПЛАЖА СО БЕБЕ

Секогаш има прв пат за се. И најчесто звучи застрашувачки кога се работи за нашите деца. Имате еден тон прашања во вашата глава. Затоа ние во Pufies подготвивме неколку совети за вашето прво патување на плажа со вашето малечко. Се надеваме дека ќе ви биде забавно!

1. Најважно: што треба да знаеме за заштита од сонце?

Доколку вашето бебе сеуште нема наполнето 6 месеци, задолжително заштите го од директната сончева светлина! 

Останете под сенка, но обавезно нанесете крема за заштита од сонце. Доколку вашето детенце е постаро, нанесете огромна количина на крема и заштитете го од сонце помеѓу 11:00 и 16:00 попладне – тогаш кога сонцето е најопасно.

Секогаш користете фактор 50 или повисок. 

На овој начин вашето дете ќе биде заштитено во најголемиот дел од времето – само не заборавајте да нанесувате заштита на секои два часа или веднаш по излегувањето од вода.

2. Како да го облечам моето бебе? 

Облечете го вашето детенце во лесна облека и дополнително заштитете ги со капче и наочари за сонце. Постојат стакла и облека кои имаат максимална УВ заштита и тие се вашиот најдобар избор. Во секој случај, нанесувајте крема за заштита од сонце дури и под облеката.

Бидете сигурни дека имате нанесено заштита од сонце, дури и кога не е сончево! 

Доколку вашето дете е доволно големо и веќе оди само, понесете папучки за на плажа или гумени сандали за да ги заштитите од жешкиот песок. Земете и резервна облека – децата не сакаат водена облека и не треба долго да бидат во неа, бидејќи пропушта повеќе УВ зраци.

3. Што треба да спакувам? 

Кога ќе пристигнете на плажа, наместете го вашиот “дневен камп” на одредена дистанца од морето за да не се поместувате кога ќе надојде плимата. Понесете голема количина на пешкири за вас и вашето дете.

Секогаш со вас имајте обезбедено течности – пожелно е вода – за кога децата ќе бидат жедни. 

Можеби најдобро е да земете повеќе отколку што вообичаено ви е потребно – од жештината се дехидрира побрзо отколку што можете да замислите!

4. Моето бебе сака да истражи се што се наоѓа на плажата – на што треба да внимавам?

Доколку вашето дете сака да истражува, секогаш имајте некој кој што ќе го надгледува. 

Децата сакаат да пробаат се, така што многу е веројатно дека ќе пробаат да експериментираат јадејќи камчиња или песок. Не паничете, се ќе биде во ред! Дајте им малце вода и обидете се да ги измиете колку што е можно подобро. Природно е за нив да ја истражуваат новата средина во која се наоѓаат.

5. Дали можам да влезам во вода со моето бебе?

 Доколку се одлучите да влезете во вода со вашето дете, секогаш имајте цврста контрола над нив. 

Можете да им ставите мускули или гума за пливање, но и покрај тоа мора да бидете во непосредна близина до нив! Останете во плиткото, но не предолго – можно е да биде преладно за нив. Одете по некоја ваша логика – доколку вас ви е свежичко во вода, на вашето бебе би му било уште поладно. Можете најпрво да ја испробате водата така што ќе ги брцнете само со ноџињата. Доколку станат нервозни, не инсистирајте – ќе имаат доволно време да пливаат кога ќе пораснат!

Не е препорачливо да пливате во морето со вашето бебе доколку не е постаро од два месеца.

 Се надеваме дека овие кратки совети беа корисни за вас. Доколку имате дополнителни прашања за безбедноста на вашето дете додека летувате на плажа, консултирајте го вашиот педијатар.
Имајте убав одмор!