Секогаш има прв пат за се. И најчесто звучи застрашувачки кога се работи за нашите деца. Имате еден тон прашања во вашата глава. Затоа ние во Pufies подготвивме неколку совети за вашето прво патување на плажа со вашето малечко. Се надеваме дека ќе ви биде забавно!
1. Најважно: што треба да знаеме за заштита од сонце?

Доколку вашето бебе сеуште нема наполнето 6 месеци, задолжително заштите го од директната сончева светлина!
Останете под сенка, но обавезно нанесете крема за заштита од сонце. Доколку вашето детенце е постаро, нанесете огромна количина на крема и заштитете го од сонце помеѓу 11:00 и 16:00 попладне – тогаш кога сонцето е најопасно.
Секогаш користете фактор 50 или повисок.
На овој начин вашето дете ќе биде заштитено во најголемиот дел од времето – само не заборавајте да нанесувате заштита на секои два часа или веднаш по излегувањето од вода.
2. Како да го облечам моето бебе?

Облечете го вашето детенце во лесна облека и дополнително заштитете ги со капче и наочари за сонце. Постојат стакла и облека кои имаат максимална УВ заштита и тие се вашиот најдобар избор. Во секој случај, нанесувајте крема за заштита од сонце дури и под облеката.
Бидете сигурни дека имате нанесено заштита од сонце, дури и кога не е сончево!
Доколку вашето дете е доволно големо и веќе оди само, понесете папучки за на плажа или гумени сандали за да ги заштитите од жешкиот песок. Земете и резервна облека – децата не сакаат водена облека и не треба долго да бидат во неа, бидејќи пропушта повеќе УВ зраци.
3. Што треба да спакувам?

Кога ќе пристигнете на плажа, наместете го вашиот “дневен камп” на одредена дистанца од морето за да не се поместувате кога ќе надојде плимата. Понесете голема количина на пешкири за вас и вашето дете.
Секогаш со вас имајте обезбедено течности – пожелно е вода – за кога децата ќе бидат жедни.
Можеби најдобро е да земете повеќе отколку што вообичаено ви е потребно – од жештината се дехидрира побрзо отколку што можете да замислите!
4. Моето бебе сака да истражи се што се наоѓа на плажата – на што треба да внимавам?

Доколку вашето дете сака да истражува, секогаш имајте некој кој што ќе го надгледува.
Децата сакаат да пробаат се, така што многу е веројатно дека ќе пробаат да експериментираат јадејќи камчиња или песок. Не паничете, се ќе биде во ред! Дајте им малце вода и обидете се да ги измиете колку што е можно подобро. Природно е за нив да ја истражуваат новата средина во која се наоѓаат.
5. Дали можам да влезам во вода со моето бебе?

Доколку се одлучите да влезете во вода со вашето дете, секогаш имајте цврста контрола над нив.
Можете да им ставите мускули или гума за пливање, но и покрај тоа мора да бидете во непосредна близина до нив! Останете во плиткото, но не предолго – можно е да биде преладно за нив. Одете по некоја ваша логика – доколку вас ви е свежичко во вода, на вашето бебе би му било уште поладно. Можете најпрво да ја испробате водата така што ќе ги брцнете само со ноџињата. Доколку станат нервозни, не инсистирајте – ќе имаат доволно време да пливаат кога ќе пораснат!
Не е препорачливо да пливате во морето со вашето бебе доколку не е постаро од два месеца.
Се надеваме дека овие кратки совети беа корисни за вас. Доколку имате дополнителни прашања за безбедноста на вашето дете додека летувате на плажа, консултирајте го вашиот педијатар.
Имајте убав одмор!
КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ПОРОДУВАЊЕ
/Категории: За мајки, Корисни совети /by ivana.djuricaДевет месеци поминуваат изненадувачки брзо. Најдобро е да бидете подготвени кога ќе дојде време да се запознаете со вашето бебенце, затоа имаме неколку совети како да започнете со планирањето.
Прочитај повеќе →
Како да се подготвите за првиот ден во градинка
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaДојде и тоа време? Знаеме колку е важен овој момент за вас – вашето дете тргнува во градинка! Исто така знаеме дека никогаш нема да бидете сосема подготвени да го напуштат “домашното гнездо”. Понекогаш е тешко да се прилагодиме на почетоците. Затоа составивме неколку идеи кои можеби ќе ви го олеснат процесот на вас и вашето малечко. Проверете ги!
Прочитај повеќе →
СОВЕТИ ЗА ВАШЕТО ПРВО ЛЕТУВАЊЕ НА ПЛАЖА СО БЕБЕ
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaСекогаш има прв пат за се. И најчесто звучи застрашувачки кога се работи за нашите деца. Имате еден тон прашања во вашата глава. Затоа ние во Pufies подготвивме неколку совети за вашето прво патување на плажа со вашето малечко. Се надеваме дека ќе ви биде забавно!
1. Најважно: што треба да знаеме за заштита од сонце?
Доколку вашето бебе сеуште нема наполнето 6 месеци, задолжително заштите го од директната сончева светлина!
Останете под сенка, но обавезно нанесете крема за заштита од сонце. Доколку вашето детенце е постаро, нанесете огромна количина на крема и заштитете го од сонце помеѓу 11:00 и 16:00 попладне – тогаш кога сонцето е најопасно.
Секогаш користете фактор 50 или повисок.
На овој начин вашето дете ќе биде заштитено во најголемиот дел од времето – само не заборавајте да нанесувате заштита на секои два часа или веднаш по излегувањето од вода.
2. Како да го облечам моето бебе?
Облечете го вашето детенце во лесна облека и дополнително заштитете ги со капче и наочари за сонце. Постојат стакла и облека кои имаат максимална УВ заштита и тие се вашиот најдобар избор. Во секој случај, нанесувајте крема за заштита од сонце дури и под облеката.
Бидете сигурни дека имате нанесено заштита од сонце, дури и кога не е сончево!
Доколку вашето дете е доволно големо и веќе оди само, понесете папучки за на плажа или гумени сандали за да ги заштитите од жешкиот песок. Земете и резервна облека – децата не сакаат водена облека и не треба долго да бидат во неа, бидејќи пропушта повеќе УВ зраци.
3. Што треба да спакувам?
Кога ќе пристигнете на плажа, наместете го вашиот “дневен камп” на одредена дистанца од морето за да не се поместувате кога ќе надојде плимата. Понесете голема количина на пешкири за вас и вашето дете.
Секогаш со вас имајте обезбедено течности – пожелно е вода – за кога децата ќе бидат жедни.
Можеби најдобро е да земете повеќе отколку што вообичаено ви е потребно – од жештината се дехидрира побрзо отколку што можете да замислите!
4. Моето бебе сака да истражи се што се наоѓа на плажата – на што треба да внимавам?
Доколку вашето дете сака да истражува, секогаш имајте некој кој што ќе го надгледува.
Децата сакаат да пробаат се, така што многу е веројатно дека ќе пробаат да експериментираат јадејќи камчиња или песок. Не паничете, се ќе биде во ред! Дајте им малце вода и обидете се да ги измиете колку што е можно подобро. Природно е за нив да ја истражуваат новата средина во која се наоѓаат.
5. Дали можам да влезам во вода со моето бебе?
Доколку се одлучите да влезете во вода со вашето дете, секогаш имајте цврста контрола над нив.
Можете да им ставите мускули или гума за пливање, но и покрај тоа мора да бидете во непосредна близина до нив! Останете во плиткото, но не предолго – можно е да биде преладно за нив. Одете по некоја ваша логика – доколку вас ви е свежичко во вода, на вашето бебе би му било уште поладно. Можете најпрво да ја испробате водата така што ќе ги брцнете само со ноџињата. Доколку станат нервозни, не инсистирајте – ќе имаат доволно време да пливаат кога ќе пораснат!
Не е препорачливо да пливате во морето со вашето бебе доколку не е постаро од два месеца.
Се надеваме дека овие кратки совети беа корисни за вас. Доколку имате дополнителни прашања за безбедноста на вашето дете додека летувате на плажа, консултирајте го вашиот педијатар.
Имајте убав одмор!
Лето со бебе
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaШто да правите со вашите малечки во текот на топлите летни денови
Лето е и животот со бебе не е така лесен, но е дефинитивно интересен! Сега е вашата шанса да ги изнесете вашите малечки и да им покажете колку е животот разнолик и богат. Тоа е исто така шанса за вас да ѕирнете во светот од сосема нова перспектива, затоа што ништо не може да ве натера да ги доживеете работите одново како што тоа може да го направи едно бебе искусувајки ги работите за прв пат. Еве неколку совети што ние можеме да ви ги дадеме за почеток :
Прочитај повеќе →
Благодетите од читањето на бебе
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaКоја содржина новороденчињата ја впиваат од книгите?
Повеќето од вас, Pufies мамички, се согласија дека е корисно да се чита на бебе.
И тоа е точно. Всушност постои значително голем број на резултати од истражувања спроведени на темава и листата на позитивни ефекти за вашето бебе постојано се зголемува.
Еве неколку добри причини зошто да почнете да му читате на вашето бебе доколку сеуште не сте почнале да го правите тоа.
Прочитај повеќе →
Велигден за малечките
/Категории: Празници /by ivana.djuricaPufies совети за празниците
Никогаш не е прерано за да се научи вредноста на поминување квалитетно време со семејството.
А секој празник е одлична можност за да го научите вашето бебенце на овие вредности. Шансите дека вашето малечко ќе меморира некој специфичен податок се многу мали, но
Прочитај повеќе →
Забавувај се како бебе
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaДружење уште од првите денови
Повеќето од вас, Pufies мајки, споделивте со нас дека е добро за бебето да слуша музика. Некои од вас дури го оценија слушањето музика како одличен метод за градење на силна психа. Ќе посветиме уште една статија на оваа тематика, но овој пат ќе ви покажеме како
Прочитај повеќе →
Бејби, надвор е смрзнувачка
/Категории: Корисни совети /by ivana.djuricaКога зимата ни е на прагот, секогаш си го поставуваме истото прашање “дали морам да излезам надвор или не?”. Ве прашавме Вас, Pufies мамички, за да видиме кој ќе биде најчестиот одговор. Некои од одговорите беа позитивни “Свежиот воздух, иако ладен, е здрав во одреден количини”. Тоа би можело да биде “Сосема на кратко, Прочитај повеќе →
Првиот Божиќ на моето бебе
/Категории: Празници /by ivana.djuricaОд сите празници кои ги прославуваме во текот на годината, Божиќ е најидеален за прославување во кругот на семејството заедно со нашите најблиски. Новиот член на семејството најчесто не ја разбира сета таа збрка околу празниците, но сигурно е фасциниран од светилките и блескавите играчки на Божиќното дрвце. Сепак, првиот Бадник може да биде многу посебен за бебето и
Прочитај повеќе →
Мамичке, ајде да си играме!
/Категории: Игри и Активности /by ana.milinkovicСо доаѓањето на зимата поголем дел од времето го поминуваме дома. Но, нашите деца секогаш сакаат да имаат некаква занимација. Еве неколку начини како да се забавувате дома.
Прочитај повеќе →