Благодетите од читањето на бебе

Која содржина новороденчињата ја впиваат од книгите?

Повеќето од вас, Pufies мамички, се согласија дека е корисно да се чита на бебе.
И тоа е точно. Всушност постои значително голем број на резултати од истражувања спроведени на темава и листата на позитивни ефекти за вашето бебе постојано се зголемува.
Еве неколку добри причини зошто да почнете да му читате на вашето бебе доколку сеуште не сте почнале да го правите тоа.

1. Поминување квалитетно време со вашето малечко

 Читање на книга на вашето новороденче е ‘еден на еден’ активност, која може да ја претворите во специјално поминато време со вашето бебе. Оваа активност го изложува бебето на звукот на вашиот глас, а тоа го смирува и прави да се чувствува удобно. Ова е еден од најдобрите начини да развиете блискост помеѓу вас двајца.

 

 

 

 

 

2. Им помагате да развијат навика за читање во иднина

 Иако новороденчето всушност не ја разбира содржината на тоа што го читате, тие сепак можат да го пратат ритамот, тоновите и нијансите на вашиот глас. На колку повеќе зборчиња го изложувате вашето бебе, толку поспремно ќе биде подоцна при самостојното читање.

 

 

 

 

 

3. Добро е за нивниот мозок

 Читањето на бебето помага во формирање на неговиот вокабулар, како и во математичките способност. Исто така се смета дека постои директна конекција меѓу тоа колку зборови дневно слуша бебето и неговите говорни способности во иднина. Бебињата на кои родителите почесто им збореле, најчесто постигнуваат подобри резултати во математичките тестови.

 

 

 

 

 

4. Ги учите за емоции

 Вашето бебе е изложено на разни емоции преку различните звуци кои ги користите при читањето, без разлика дали се работи за имитација на одреден лик од приказната или опишување на конкретен настан од истата. Таа емоција не е возможно да се постигне преку гледање на телевизија.

 

 

 

 

 

5. Добар начин да се запознаат со визуелизација

 Од 0 до 3 месеци, вашето бебе ќе почне да ги фокусира очите на едноставни сликовити прикази од корицата на книгата. Читајќи им сликовници на бебињата, ги воведувате во свет на разни облици, букви и бои, кои тие самите ќе почнат да ги препознаваат со текот на времето. Целиот овој процес води кон полесно разбирање на видео содржини во иднина.

 

 

 

 

 

6. Можете да го читате тоа што вие го сакате

 Со оглед на тоа дека новороденчето не ја разбира содржината на вашите зборови, изборот на четивото е само ваш – рубрика во дневен весник, романтична новела или дури и “Гордост и предрасуда”, не е важно што им читате, се додека го правите тоа често.

 

 

 

 

 

 

Доколку се сетите на некои други бенефити кои читањето ги нуди, дали ви се допаѓа да му читате на вашето бебе и како тоа функционира лично кај вас, споделете на нашата Facebook страна.
Се најдобро.