Велигден за малечките
Pufies совети за празниците
Никогаш не е прерано за да се научи вредноста на поминување квалитетно време со семејството.
А секој празник е одлична можност за да го научите вашето бебенце на овие вредности. Шансите дека вашето малечко ќе меморира некој специфичен податок се многу мали, но
начинот на кој што ќе направите да се почувствуваат ќе биде темел за нивниот став во однос на сите празници подоцна во животот.
Само е потребно да ги инволвирате во целиот тој процес и да направите да биде забавно за семејството и пријателите.
Во прилог имаме неколку совети за незаборавен Велигден со вашето малечко:
1. Заедничко фарбање јајца
Правењето хаос заедно со мама и тато е нешто што никако не се пропушта. Секако, неколку јајца можат да останат искршени и боите да се прелеат, но не се грижете за тоа. Само погрижете се да ја покриете површината со весници или најлон, подгответе многу салфетки и облечете се соодветно. За облеката смислете нешто по кое нема да плачете, а за бебето нешто удобно и лесно за перење – ние ви препорачуваме колоритна Pufies пелена и топла бања 😉
2. Дозволете им да се приклучат во кујната
Знаеме дека готвењето не оди секогаш добро кога се бебиња наоколу, но нивната близина додека го печете Велигденскиот леб е добра идеја. Ќе креаира когнитивна меморија преку мирисот кој засекогаш ќе ги асоцира на среќни семејни моменти поминати со вас. А доколку се на таа возраст кога ве копираат се што правите, времето поминато во кујна ќе биде уште позабавно.
3. Организирајте потрага по Велигденски јајца
Старата добра криенка, само овој пат со јајца. Оваа традиција е наменета за дечињата, но може да се адаптира и кај бебињата. Само осигурајте го просторот на кој што ќе се одвива потрагата, не ги сокривајте јајцата премногу и наградете ги вашите малечки со восхитување и кршење на секое пронајдено јајце. Или пак некоја друга мала награда. Потрагата не мора да биде ограничена во временска рамка – може да се забавувате цела вечер.
4. Подгответе Велигденска кошничка за бебето
Секој сака подароци. А сите сакаат подароци кои доаѓаат во специјална кошничка.
Подгответе топлинки со линкот на зајчиња, колоритни капчиња, нови играчки, боенки, слатки маички, ушиња на зајаче и се што ќе ви дојде интересно за да го направите празникот посебен.
5. Вклучете ги на празничната маса
Можете да го облечете бебенцето како слатко зајаче и да го привлечете вниманието кон нив за да не се почувствуваат изоставени. Доколку детето е поголемко, можете да го вклучите на празничната трпеза, како и во кршењето јајца и да го направите моментот посебен.
6. Поканете ги нивните пријателчиња
Колку и да се забавни твоите родители, кога имаш пријател на своја возраст и неколку играчки околу вас секогаш е за нијанса позабавно. Доколку можете да повикате друштво за вашето малечко, ќе креирате одлична празнична атмосфера за сите.
7. Бидете добар пример
Тие копираат се што ќе направите, затоа бидете весели и тие ќе бидат заедно со вас 😉
Се надеваме дека овие кратки совети беа корисни за вас и ќе бидеме благодарни да ги слушнеме вашите мислење и идеи на оваа тема на нашата Facebook страна.