Зајакнете ја мајка-татко-бебе поврзаноста

Бебињата започнуваат да развиваат поврзаност со нивната мајка додека се сеуште во нејзиниот стомак. Но откако ќе се родат, татковците започнуваат со важната улога во нивниот живот. Важно е за бебето да развие силна поврзаност со двајцата родители – а тоа е воедно многу важно и за вас. Времето поминато заедно е драгоцено.

Сигурно веќе си имате развиено омилена активност како семејство, но доколку сакате да се обидете со нешто различно, ние имаме неколку идеи како да поминете време заедно и да креирате специјална поврзаност.

Направете сами!

Веднаш штом ќе почнат да се формираат моторните функции на детето, тие ќе сакаат да направат буквално се! Обидете се да изработите нешто сами – тоа не мора да биде нешто комплицирано – на пример можете да нацртате нешто или да исечете различни облици. Размислете за различни проекти кои би можеле да ги правите како семејство во вашиот дом – откако ќе завршите ќе имате нешто кое ќе ви остане како сеќавање. На пример, доколку одберете да нацртате нешто, по завршувањето врамте го и закачето го некаде, така ќе си ја зачувате заедничката изработка и ќе си ја гледате секој ден. Дали постои нешто што вашиот партнер го практикува, а вие не? Верувајте му и поттикнете го да предложи идеја за креативна активност со вашето дете.

Пејте и играјте заедно!

Караокето е секогаш забавно! Тоа е инстант среќна активност за целото семејство – нема да знаете кој ужива повеќе, вашето дете или вие. Не мора воопшто да го напуштате домот – само пуштете музика и подготвени сте за целосна семејна забава. Доколку вашето дете е доволно пораснато, можете да се обидете и да го инволвирате во танцувањето – доколку не е тоа сеуште може да пее или вокализира на свој начин заедно со вас. Дали веќе има некоја омилена песна? Вклучете ја во вашата плејлиста, но исто така додадете и омилени песни на мама и тато.

Одете на прошетка на планина!

Така е! Зошто да не се обидете со планинарење заедно со бебе. Ова е заедничка активноста која не само што ќе ја зајакне вашата поврзаност како семејство, туку и со природата во целост. Децата е лесно да се импресионираат уште од најрана возраст, а новите преубави песјажи ќе бидат многу интересни за нив. Покрај тоа, ќе успеет да се релаксирате и да заборавите на вашите грижи. Доколку вашето дете е доволно возрасно за да се движи само, оставете ги да истражуваат и да собираат најразлични растенија кои што се наоѓаат во природата. Не заборавајте на кремата за сончање!

Направете пикник!

Во случај да немате планини во ваша близина, тука е секогаш паркот. Доколку не сакате долги прошетки или планинарење, тогаш сигурно сте за пикник во природа. Самата организација можете да ја претворите во заедничка зближувачка активност: мама и тато може заедно да ја подготват храната, а бебето да набљудува што се случува (и да ужина). Оставете го бебето да го истражува паркот, а добрата страна е што во паркот секогаш постои катче за деца, така што кога ќе завршите со пикникот можете да си продолжите со играта.

Дали ја најдовте активноста која најмногу одговара за вашето семејство? Или веќе постои таква? Споделете со нас за вашите најубави моменти со вашето дете – на кој начин сакате  да го поминувате времето заедно? Пишете ни во Facebook коментарите.