Лето со бебе

Што да правите со вашите малечки во текот на топлите летни денови

Лето е и животот со бебе не е така лесен, но е дефинитивно интересен! Сега е вашата шанса да ги изнесете вашите малечки и да им покажете колку е животот разнолик и богат. Тоа е исто така шанса за вас да ѕирнете во светот од сосема нова перспектива, затоа што ништо не може да ве натера да ги доживеете работите одново како што тоа може да го направи едно бебе искусувајки ги работите за прв пат. Еве неколку совети што ние можеме да ви ги дадеме за почеток :

1. Право накај базенот

Ако имате потреба да се разладите во жешките летни денови, не се грижете, бебињата обожаваат да пливаат. Базенот и пливањето се совршен избор за вас и вашето малечко. Иако треба да бидете исклучително внимателни околу водените лудории кои се случуваат во базените, сепак глетката како вашето малечко се справува во водата подобро од вас самите, е најголемото задоволство, верувајте ни. Плус, ако базенот е добро опремен, имате една грижа помалку за опасност од бактерии, што не е случај со морските длабочини, реките или езерата.

 

 

 

2. Пикник во природа

 Сигурно во ваша близина има парк или уште подобра опција би била планина, река или ливада. Спакувајте го вашиот ручек и тргнете. Дозволете му на вашето бебе да го почувствува скокоткањето на тревата на неговите стапала, или едноставно нека лежат во вашиот скут и нека уживаат во играта на листовите на летното ветре. Иако се премали за игри со топка, тие ќе уживаат гледајќи ги останатите како го прават тоа. Фрлање на фризби, велосипеди, кучиња, птици и верверички се забава од 5 ѕвездички за нив. Самото набљудување на земјата и кинењето на тревата ги учи многу за планетата на која ќе го поминат животот. А вие користете Pufies пелени за да бидете сигурни дека на вашето бебе му е удобно и е подготвено за истражување.

 

 

3. Насадете нешто

 Не постои подобар начин да го научите вашето малечко за одговорности од засадување на нешто ново и одгледување на истото. Можете да засадите цвеќе по дома или дури и дрво во најблискиот парк. Замислете го само вашето бебе кога како тинејџер би седел под сенките на дрвото кое го засадил на почетокот на неговиот животен пат. Нели е тоа доволна причина?

 

 

 

 

 

4. Запознајте ги со животинското кралство

 Во овој случај удобноста е пресудна, затоа што запознавањето со животно бара време. Спакувајте доволно Pufies пелени и тргнете да видите што е можно повеќе животни. Може да биде посета на зоолошка, при која вашето малечко може да искуси разновидност на животински форми со кои ја дели оваа планета или можете да вметнете предизвик од типот на целодневна екскурзија во некој од националните паркови. Одете на село, покажете му од каде доаѓаат јајцата, млекото и секојдневието на луѓето што поседуваат фарми. Со сигурност ќе ги фасцинирате.

 

 

 

 

5. Вклучете се на курс

Летото не е само за вашето бебе. Дали имате желба да научите некој нов странски јазик или да практикувате јога? Било која од овие опции е подеднакво добра и за вашето бебе. Со самото тоа што ќе ве гледаат како сакате да се подобрите, ќе им вметне чувство на амбициозност понатаму во животот. А која способност повеќе би сакале да ја надградите, знаете вие најдобро, па што чекате?

 

 

 

 

6. Хранете се здраво

Лето… време на зреење на овошјето и зеленчукот. Ако сте престанале со доење, не му ги наметнувајте на бебето вашите омилени овошја и зеленчуци, оставете ги да ги пробаат сите. Вкусувањето на свежи плодови секогаш е најздраво за вашето бебе отколку хранењето со конзервирани примероци од маркетите. Користете ги благодетите на летото до максимум и направете го лето за паметење.

 

 

 

Кои од горенаведениве активности би ги пробале? Споделете ги вашите искуства на нашата Facebook  страна и ние ќе се потрудиме да ви излеземе во пресрет со уште покреативни опции 😉