Останете во форма додека поминувате време со вашето малечко

Повеќето мајки ќе се согласат дека бебето го завзема најголемиот дел, а некогаш и целото ваше  внимание и време. Тоа не значи дека треба да го запоставите вашето здравје, линија и енергија. Проверети ги овие одлични вежби кои помагаат во елиминирањето на стресот и ви дозволуваат да си поминете време со себе истовремено вклучувајќи го и вашето бебе.

Имајте предвид дека иако вашата желба за почеток може да биде веднаш откако ќе закрепнете од породувањето, на вашето бебе може да му е потребно повеќе време: тоа треба да биде во состојба да го држи главчето исправено без да чувствува било каква непријатност. Ова ќе се случи приближно околи нивниот трет или четврти месец во зависност од детето, но доколку сакате можете да се консултирате со вашиот педијатар.

Вежба #1: Baby overhead press

Седнете со вкрстени нозе, како на сликата, држете го бебето пред градите и задржете ги лактите свиткани. Следно, кренете ги рацете нагоре без да ги прекрстувате лактите. Паузирајте и спуштете го бебето во почетната позиција. Стандардната вежба е во 3 сета со 10 повторувања во секој сет, но можете да направите колку сакате. Секако, одвојте малце време помеѓу повторувањата за да се одморите и да си играте со бебето.

Вежба #2: Baby bench press

Легнете на подот гледајќи нагоре и свиткајте ги колената. Стегнети ги вашите стомачни мускули и истовремено вратете ги вашите рамења наназад. Држете го вашето бебе безбедно и доближете го до вашите гради. Подигнете го нагоре, паузирајте и спуштете го во почетната позиција. Направете 10 повторувања, одморете и повторно направете уште 2 сета. Не заборавајте да му правите смешни гримаси на вашето малечко, ќе ги обожава 🙂 Доколку сметате дека можете повеќе, обидете се со потешката верзија како на сликата погоре – идентична е, само со нозете нагоре, задржете го вашето торзо во истата положба.

Вежба #3: Walking lunges

Застанете и гледајте напред. Направете поголем чекор нанапред со вашата десна нога и свиткајте ги колената под агол од 90 степени. Задржете го предното колено над зглобод додека задното колено го приближувате до подот. Петата треба да се подигне, а стомачните мускули да бидат стегнати. Грбот држете го во исправена положба. Притиснете ја задната нога и ставете ги нозете заедно. Повторете и со другата нога.

Вежба #4: The plank

Оваа ја знаете! Бебето наместете го во лежечка позиција веднаш под вас, додека започнувате на рацете и колената. Спуштете ги подлактиците на подот додека вашите рамења се директно над вашите лакти. Лизгајте ги колената назад, задржувајќи го грбот исправен и стомачните мускули стегнати. Задржете се во ова положба колку што можете повеќе. Доколку сакате вежбата да биде уште поинтересна, можете да ги пеете омилените песнички на вашето бебенце.

Кога ќе завршите со сите, овие вежби ги активираат сите главни мускули на човечкото тело. А на вас и вашето малечко ќе би биде многу забавно правејќи ги заедно! Дали веќе имате омилена вежба? Дали мислите дека се одличен додаток покрај прошетките во паркот? Пишете ни што мислите на оваа тема во Facebook коментарите 🙂