Што се обидува да ни каже бебето?

Никој не го разбира вашето малечко подобро од вас затоа верувајте си себеси и се ќе биде во совршен ред. Во прилог имаме неколку насоки во кои би можеле да размислувате.

Следете го изворот на плачење

Бебињата плачат бидејќи сакаат нешто да ни кажат. Понекогаш е директна физиолошка потреба: глад, ненаспаност, болка или пак преполна пелена. Доколку сте ги провериле сите и сеуште се чудите, причината може да биде буквално се, затоа верувајте и на вашата интуиција во процесот на откривање. Обидете се да ја пронајдете шемата, гушнете ги, излезете надвор на свеж воздух, пуштете музика, измасирајте го или обидете се нешто кое мислите дека ќе го смири. Ослободете се од стресот во вакви ситуации и со текот на времето ќе го разберете секое различно плачење на вашето малечко. Освен тоа, кога веќе ќе совладаат други комуникациски вештини, плачењето драстично ќе се намали.

 

Следете ги движењата на очите, звуците и гестикулациите

Кога вашето малечко се обидува да го привлече вашето внимание на било како начин, најубаво би било да не го игнорирате. Секој непосреден и прилагоден одговор ќе ги смири бидејќи ќе видат дека реагирате и се обидувате да ги разберете. Тоа им дава знак дека нивната комуникација е ефективна и ќе им овозможи да продолжат да се обидуваат. Со текот на времето тие ќе стигнат до саканиот одговор, а вие ќе ги научите специфичностите за тоа како вашето малечко се изразува.

 

Слушајте внимателно

Доколку му оставите доволно време за одговор додека зборувате, вашето малечко ќе биде брзо и ќе научи дека ова е двонасочен процес. Ако слушнете “куу” или било каков друг звук, културно е да возвратите назад со “куу” 😉 – на нив најверојатно многу ќе им се допадне. Друга техника која би можеле да ја испробате е поставување на отворени прашања: “Од каде доаѓа дождот?”, “Зошто небото е плаво?” Тие нема да го знаат одговорот, но ќе уживаат во вниманието и ќе им ја поттикнете љубопитноста.

Чувствувајте ги нивните чувства

Важно е за вашите малечки да знаат дека се сочувствувате со нив. Ако ги признаете нивните чувства пред да го корегирате нивното однесување, тоа многу ќе ја подобри комуникацијата. Секој обид да го разберете расположението на бебето ќе ви користи во многу подобро взаемно разбирање понатаму.

 

Зборувајте за емоции

На почетокот, тие нема да бидат свесни што чувствуваат, затоа можете да се обидете да ги научите на сите имиња на чувства. Ова ќе го направи секој следен комуникациски напор многу полесен. Само погрижете се да им ги обезбедите потребните зборчиња: “Знам дека си тажно зошто мама не е тука, но не грижи се, таа ќе се врати. Дали сакаш да си играме?” Запомнете дека нема добри и лоши чувства и дека секое чувство има свое име. Колку повеќе им ги објаснувате чувствата, толку тие ќе бидат подобри во емоционалната интелигенција подоцна во животот.

 

Опишете го животот

Ова е одлична стратегија да ги научите вашите малечки на толку многу нешта. Зборчиња за  “маса”, “врата”, “мијалник” па дури и “универзум” доколку сакате. Тоа само прави директна конекција помеѓу објектот и соодветното зборче. За возврат, ова ќе им овозможи да ве прашуваат се повеќе и повеќе прашања за тоа што ги интересира во светот околу нив и ќе ја изгради довербата која му е потребна на бебето за полесно да разговара со вас.

 

Играње на улога

На детето му е многу полесно да се изрази себеси кога се преправа. Многу му е полесно да ви објасни зошто неговата играчка – Жирафата се плаши од темница наместо да признае дека самото се плаши. Ова се однесува само на дечињата кои веќе започнале да зборуваат, но е одлична тактика која што ја користат многу психијатри за да откријат што навистина се случува во главчињата на децата.

 

Бидете пример

Сигурно знаете за првите седум години многу подбро од сите нас. Бидете сигурни дека вие комуницирате со луѓето на оној начин на кој што сакате вашето детенце да комуницира со вас – ова е најдобриот совет кој што постои. После се, вашето дете ќе ве гледа вас, затоа подобро е да им верувате на вашите избори 😉

Што мислите дека помага во градењето на доверба во комуникацијата помеѓу вас и вашето малечко? Би сакале да ги слушнеме вашите мислења на нашата Facebook страна 😉